Кревка девојка се претвори во набилдан боди-билдер

Пред неколку години, пријателите немаше да го препознаат Мет Милер од Калифорнија, САД, во срамежливата и тивка девојка што беше. Момчето кое вели дека е родено во женско тело претпочитало да биде како своите постари браќа.

Мет во тинејџерските години бил депресивен, па дури и пробал да се повреди. Мет се консултирал со психотерапевт кој по пет месеци одобрил хормонска терапија за него. Потоа тргнал во теретана каде што сакал да ја изгуби женската фигура. Вежбал 6 дена во неделата од 1 до 2 часа.

Сега самиот Мет не се разликува многу од неговите идоли. Тој работи како фитнес тренер и им помага на сите да ги постигнат истите резултати.