Криминалецот провали во сендвичара не за да се збогати, туку да касне нешто и да одмори како човек
Повеќето провалници гледаат да избегаат со пленот што е можно побрзо, но не и овој крадец од Лоренсвил, САД. Откако успешно влезе во сендвичарата, тој прво си зготви нешто за јадење, а потоа и си дремна малку, како што е ред.
На крај, после 3 часовен престој внатре, конечно си заминал со лаптоп, таблет и полн стомак, се разбира. Полицијата сè уште го бара.