„Криминален астролог“ открива кој хороскопски знак има најголема веројатност да биде сериски убиец
„Криминален астролог“ откри дека хороскопските знаци најверојатно се поврзан со сериски убијци и без сомнение ги вознемири оние кои сакаат да бидат во тек со дневниот хороскоп.
Мег Милер, ко-водителка на „Морничавиот подкест“ неодамна откри „интересен факт“ за сите оние кои се заинтересирани за криминал и астрологија.

Според Милер, Јарците имаат најголема веројатност да станат сериски убијци, и има неколку прилично застрашувачки примери кои го поткрепуваат тоа.
Иан Брејди, Џоел Рифкин и Харолд Шипман биле Јарци како и озлогласениот „волк од Москва“ Васили Комароф и германскиот сериски убиец Нилс Хегел.
Се разбира, ако сте од „добрите Јарци“, тогаш не плашете се. Има многу добри карактеристики поврзани со овој знак исто така.
Според астрологијата, Јарците се „добри менаџери, бидејќи се одговорни, дисциплинирани и имаат добра самоконтрола“.
