Кристијано Роналдо денес полни 36 години и сѐ уште е на врвот, а овие мотивирачки цитати го водат напред

Желбата за проширување, еволуирање и вкусување на величината е универзална кај сите човечки суштества. Но, малку луѓе вложуваат време и напор да станат навистина „големи“. Не бидете едни од нив. Учете од великаните и дајте им ја на вашите соништа почитта што ја заслужуваат.

Kристијано Роналдо Дос Сантос Авиеро е роден на 5 февруари 1985 година и португалскиот фудбалер денес го прославува својот 36-ти роденден. Овој фубалер немал детство од соништата, неговата мајка била готвачка, а татко му градинар и алкохоличар, во семејството биле четири деца, а Роналдо бил најмалото. Но, блгаодарение на неговиот талент и страст за фудбалот тој порасна во ѕвездата која ја знаеме денес. Тој е мотивиран кон успех уште од мали нозе и како што одминуваат годините тој се повеќе се бори.

Овие неколку цитати ќе ве охрабрат да го преземете ризикот во животот, дури иако и не сте страствен обожавател на фудбалот или пак на Роналдо.

„Вашата љубов ме прави силен. Вашата омраза ме прави незапирлив.“

„Чувствувам бесконечна потреба да УЧАМ, да СЕ ПОДОБРУВАМ, да ЕВОЛУИРАМ, не само за да ги задоволам тренерот и навивачите, туку и да се чувствувам задоволен од себе.“

„Талентот не е сè. Можете да го имате од лулката, но потребно е да го научите занаетот за да бидете најдобри.“

„Ако ние не можеме да му помогнеме на нашето семејство, кој ќе му помогне?“

„Ако не верувате дека сте најдобри, тогаш никогаш нема да го постигнете сето она за што сте способни.“

„Не сакаме да ги раскажуваме своите соништа. Ние сакаме да им ги покажеме.“

„Јас го гледам фудбалот како уметност и сите играчи се уметници. Ако сте врвен уметник, последно што би направиле е да насликате слика што некој друг веќе ја насликал.“