„Кристијано Роналдо е буквално сè за Килијан Мбапе“ – откри поранешен согирач велејќи дека Мбапе мисли дека Роналдо е сто пати подобар од Меси
Килијан Мбапе „верува дека Кристијано Роналдо е многу подобар од Лионел Меси во најголемата дебата на сите времиња“, тврди поранешен соиграч, додека се подготвува да се соочи со Меси во неделното финале на Светското првенство.
Откритијата доаѓаат од дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Абду Диало, кој играше заедно со Мбапе на Паркот на принцовите од 2019 година до ова лето, кога му се приклучи на РБ Лајпциг на позајмица. И Диало рече дека суперѕвездата, напаѓачот Мбапе верува дека Роналдо е „недопирлив“, додавајќи дека 23-годишниот играч ќе дебатира „најмалку еден час“ ако некој се обиде да каже дека неговиот соиграч од ПСЖ, Меси е подобар од Португалецот.
Тој рече: „Кристијано Роналдо е буквално сè за Килијан Мбапе.Ако го споменете Лионел Меси против Кристијано, Мбапе ќе дебатира со вас најмалку еден час. За него Кристијано е недопирлив“.
Поранешниот напаѓач на Барселона, Меси, кој се поврза со Мбапе во француската престолнина летото 2021 година, освои рекордни седум награди „Златна топка“, во споредба со вкупно петте на поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Роналдо.
Роналдо го освои трофејот на Европското првенство со Португалија, додека Меси триумфираше на Копа Америка во 2021 година, додека ниту еден не освои Светско првенство – иако тоа може да се промени во недела.
Некои сметаат дека Меси освојувајќи Светско првенство со својата земја, исто како што тоа го направи сонародникот Диего Марадона во 1986 година, ќе се издигне над Роналдо и, навистина, над Марадона. Во меѓувреме, Мбапе го бара својот втор трофеј на Светското првенство откако постигна гол во финалето во 2018 година кога избраниците на Дидие Дешамп ја победија Хрватска со 4-2.
Коментирај анонимно