Кристијано Роналдо на 41 година ја покажува својата неверојатна фигура и открива како ја одржува врвната форма
И покрај тоа што се приближува кон 1.000 голови во кариерата и игра врвен фудбал повеќе од две децении, Кристијано Роналдо постојано ги руши сите граници на возраста. Португалската легенда, која денес има 41 година, сега откри уште една од тајните за долготрајниот успех: неговото незаменливо и извајано тело го промовира преку својот бренд за „високи перформанси“.

Содржина:
- Роналдо открива: Долговечноста и врвната форма не доаѓаат случајно, тие се резултат на секојдневна, практична нега и рутина
- Тренинг по 4 часа, шест оброци и интензивно опоравување полни две децении се тајната на Роналдо
- Тело со само 7% маснотии, рекордно пониско отколку на просечните фудбалери од Премиер лигата
- И покрај контроверзиите, Роналдо изјави: „Сакам да останам овде. Саудиска Арабија ме прими моја фамилија и пријатели одлично“
Роналдо открива: Долговечноста и врвната форма не доаѓаат случајно, тие се резултат на секојдневна, практична нега и рутина
На својот Инстаграм профил со дури 671 милион следбеници, Роналдо напиша: „Долговечноста и врвната форма не се случуваат случајно. Тоа се гради преку секојдневна, практична нега за опоравување. Не е тајна. Тоа е рутина.“ Фотографијата го прикажува како држи масажер од неговиот бренд AVACR7, облечен само во црни боксерки со својот бренд и ја истакнува својата фигура.
Тренинг по 4 часа, шест оброци и интензивно опоравување полни две децении се тајната на Роналдо
Тој секојдневно вежба по четири часа и јаде шест протеински „мини оброци“, секако најчесто пилешко, свежа риба, салати, киноа и овошје. На неговата чинија секој ден доминираат оброци со малку маснотии и многу протеини. После тренингот следуваат сауни и ладни купки за побрзо закрепнување. Освен тоа, тренира и по пет пати неделно во теретана, каде комбинира кардио, спринтови и специјални вежби за сила.

Тело со само 7% маснотии, рекордно пониско отколку на просечните фудбалери од Премиер лигата
Последното мерење на неговото ниво на телесни маснотии покажува само 7 проценти, во споредба со нивото на фудбалерите од Премиер лигата кое вообичаено е помеѓу 8 и 12 проценти.

И покрај контроверзиите, Роналдо изјави: „Сакам да останам овде. Саудиска Арабија ме прими моја фамилија и пријатели одлично“
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Јувентус заработува неверојатни 565.000 евра дневно во Саудиска Арабија, каде неодамна привремено беше во центарот на конфликт заради тридневен штрајк поради недостаток на поддршка за трансфери од страна на клубот. Сепак, тој се врати во тимот и директно порача: „Среќен сум тука. Сакам да продолжам тука. Најважно е што сме на врвот, ние сме добри, самоуверени и ќе одиме натаму, натпревар по натпревар.“

Коментирај анонимно