Кристина Агилера блеска како никогаш досега – вита става, деколте и црвен кармин е добитната комбинација
Кристина Агилера повторно е во центарот на вниманието – но овој пат не само поради нејзиниот глас. Поп иконата, која има 44 години, ги изненади фановите со нов, подмладен и драматичен изглед, кој многумина го опишаа како нејзиното најсмело издание досега.
Гламурозно враќање на сцената
На церемонијата на Breakthrough Prize 2025 во Лос Анџелес, Агилера се појави во етерична бела креација од Dolce & Gabbana – шифонски фустан со длабоко деколте, проѕирни ракави и корсетни детали. Покрај неа стоеше нејзиниот партнер Метју Ратлер, а изгледот го надополни со дијамантски ѓердани и обетки од David Yurman. Нејзината позната руса коса беше стилизирана романтично – делумно подигната, со брановидни локни што паѓаа на рамото, додека силната шминка и црвените усни ѝ дадоа доза на класичен гламур.
Реакции на фановите
Но, Агилера не застанува на црвениот тепих – нејзините објави на социјалните мрежи предизвикуваат бурни реакции. Во една фотографија позира во огнен црвен фустан со кожени ракавици украсени со црни бисери, а во друга – во проѕирно боди, црн градник и долги црни ракавици, со впечатлива шминка и самоуверен став.
Фановите ја опсипаа со комплименти. „Изгледаш неверојатно! Но сериозно, каде е тој извор на младост?“ – прашува еден. „Што прави за да изгледа толку младо? Сакам да го знам нејзиниот таен рецепт,“ напиша друг.
Една од најубавите жени во светот! Ја пратам уште од почетокот на кариерата. За разлика од на пример Бритни Спирс, сама си ги пишува текстовите на песните, доста талентирана. Што се однесува до килажата, варираше во зависност од периодот во кој се наоѓаше: брак, деца, развод, нов брак… Изгледа како да има 24 години! Љепотица.
Бате Васе ти е hard-core stalker
Коментирај анонимно