Крокодил и анаконда ги измерија своите сили во епска битка
Американскиот фотограф за диви животни, Ким Саливен, ја сними жестоката битка помеѓу кајманот и анакондата. Авторот на серијата фотографии прецизира дека снимката е направена во септември оваа година на брегот на реката Куиаба во западен Бразил во државата Мато Гросо. Според Саливан, битката што влегла во објективот на камерата траела околу 40 минути.
Една од сликите покажува како џиновска змија се витка по лицето и телото на крокодилот, кој во обид да преживее, ги потопил забите во неа. Потоа, според очевидци, рептилот потонал под вода – змијата напаѓач на тој начин го загубила пристапот до воздух и почнала да се гуши.
По некое време, кајманот успеа да се избори со анакондата, и борбата заврши нерешено. „Кајманот мирно се врати на брегот, и ние не ги тргнавме очите од реката сѐ додека, конечно, не видовме како анакондата исто така се извлече кон земјата и се лизна повторно во дупката“, рече фотографот.








