Крстот во Тетово се фрла 1 ден порано, а се фаќа на најџентлменски начин!

Секоја година само тројца скокаат по крстот и постојат сомнежи дека се договориле да го фаќаат по ред (види видео). Така секој на 3 години добива по 1 телевизор :). Интересно е што само во Тетово два пати се фрлаа крстот и на 18 и на 19 јануари. Еден ден порано, утрината на 18.јануари се фрла крстот во базенот на црквата св.Богородица во Горно Маало, а еве како помина фрлањето оваа година.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.