Куќите крај езерото во американскиот град Хамбург добија нови, зимски фасади, кои истовремено изгледаат и убаво и застрашувачки (13 слики)

Природата го претвори крајбрежјето на американскиот град Хамбург во вистинско ледено кралство. Локалното езеро Ери беснеело заради силното невреме, брановите се кренале и до 3 метри и во комбинација со ветрот и студот, на околните куќи се формирале ледени фасади со дебелина од 7 сантиметри.