Куче кое беше напуштено и оставено да се удави доби втора жанса за живот

Германски овчар кој за малку ќе се удавеше откако нејзините сопственици ја врзаа за карпа и ја фрлија во реката, најде нов дом по неколкумесечно закрепнување во центар за животни.

Бела (11) беше спасена од реката Трент, Англија, во Јануари минатата година од минувачот Џејн Харпер, кој ја виде како трепери во водата, каде лежеше со часови откако сопствениците ја оставиле да умре.

После 15 месеци рехабилитација со RSPCA- центарот за животни, 11-годишното куче сега најде нов дом во Јужен Дербишир, Англија, со Меги Мелиш (79) и Чарли Даглас (70).

Пензионираниот пар е опишан како „совршен“ за Бела, а Чарли откри: „Бевме згрозени од она што и се случи на Бела и кога ја видовме сфативме каков одличен карактер има и таа навистина е совршена за нас“.
За Бела се вели дека имала среќа да го преживее своето искушение во ладната вода што замрзнува, а подоцна било откриено дека има низа комплексни здравствени потреби.

Поранешната сопственичка на Бела, Шарлин Латам, 32, беше осудена на 12-месечна неплатена работа во заедницата минатиот месец откако се изјасни за виновна за предизвикување непотребни страдања на нејзиното милениче.

Таа исто така беше казнета со 110 долари и беше наложено да плати 270 долари за лекувањето и доплата за жртвата од 50 долари, а исто така и беше изречена забрана за чување кучиња три години од Судот  во Нотингем.

Судот слушна како сопственикот на Бела, Латам, кој сега живее во Илфракомб, Девон, Англија, го молела нејзиниот поранешен партнер Леј Џонсон (33) да не го удави кучето. Но, Латам не отишла да му помогне на кучето.

Надлежните соопштија дека нема доволно докази за гонење на Џонсон кој го негираше обвинението.
Ела Карпентер, менаџер во Центарот за животни во Редклиф, го опиша инцидентот.

„Имаше намерен обид да се удави“, рече Ела, „фрлена во реката Трент среде ноќ.

„Таа помина часови таму додека за среќа двајца шетачи на кучиња не ја забележаа како се движи и нејзините очи треперат во водата околу осум часот наутро. Дејствуваа брзо, влегоа во водата многу храбро“.

Откако ја видоа веста во печатот, Меги и Чарли стапија во контакт со центарот за животни.

Меги рече: „Ние како семејство, имаме три кучиња од типот на Пастир во последните 30 години и навистина ги сакаме.

„Пред две години го изгубивме кучето Тиа / Луна и кучето Флејм на мојата ќерка. Навистина не ни недостасуваа“.

„Тогаш ја видовме приказната за Бела во печатот и фактот дека и требаше дом, па ќерка ми Клер Лушер не охрабри да аплицираме за неа“.

„Знаеме дека ќе и требаат редовни средби за ветеринар и сме подготвени да ги финансираме“.

„Знаеме дека таа е во нејзините постари години, но сакаме да и понудиме убав дом што го заслужува после сето она што го помина“.

„Двајцата сме во пензија, така што таа постојано ќе има друштво што и е навистина потребно и ќе биде одлично и за нас“.

Во меѓувреме, Чарли призна дека биле зачудени кога дознале што се случило со кученцето, велејќи: „Бевме згрозени од она што и се случи на Бела и кога ја видовме сфативме каква одлична енергија има и таа навистина е совршена за нас“.