Куче не престанувало да лае на човекот кој застанал да го нахрани и го однело до неверојатно откритие

Човекот по име Џурнел Фуентес Ревила се возел со својот мотор, на еден за него обичен ден низ планините Себу, Филипини. Одеднаш, куче излегло од никаде и почнало да трча по него. Четириножното пријателче трчало и лаело како да сакало да му каже нешто.

Чувствувајќи дека нешто не е како што треба, Џурнел застанал му дал малку храна, но кучето продолжило со однесувањето и како да сакало да го убеди да тргне по него. Така човекот одлучил да го следи. Кучето го однело во депонија, до едно кафеаво кебе.

Внатре во него имало напуштено новороденче. Момчето за среќа не било во загрижувачка здравствена состојба. Благодарение на кучето било однесено во болница и темелно прегледано. Приказната за кучето-херој брзо се проширила низ Филипините и сите го фалат ова добродушно суштество.

Кога подоцна трганле да го побараат кучето затоа што мислеле дека е скитник и не го пронашле на депонијата, сфатиле дека му припаѓа на едно семејство. Семејството вкупно има 5 кучиња и херојот е едно од нив. Кучето добило разни донации во храна, како еден мал знак на внимание за неговата храброст.