Куче упадна на теренот и издрибла двајца босански фудбалери 

Малото куче упадна на теренот за време на натпреварот во боснската Премиер лига помеѓу Слобода и Посусје.

Само две минути по почетокот на играта, кучето кое очигледно сака да биде фудбалер кога ќе порасне, истрча на теренот, принудувајќи го судијата да ја прекине играта. Играчот кој ја имаше топката во тоа време, не го забележа кучето, кое лукаво му се приближи и ја му ја зеде топката.

Друг играч потоа се обиде да му ја земе топката на кучето, но исто така беше издриблан од малиот влакнест „играч“.

На крајот, некој од „страничните линии“ го подигна кучето како непослушно дете и го изнесе надвор од теренот.

Гледајте го видеото овде:

Играта заврши Куче 1, фудбалерите на Босна 0.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.