Кученце успеало да се заглави во ѕидот откако го исплашиле петарди

Кучињата сакаат прослави, но не и со петарди. Ова кученце од Кина слушнало пукање и веднаш почнало да бара да се скрие. Пронашло мала дупка во ѕидот и никој не знае како, но некако успеало да се пикне во неа. Наскоро сфатило дека не може да излезе па почнало да „бара помош“. За среќа луѓето го слушнале и повикале спасувачи за да му помогнат.