Кучето на исчезнат планинар е пронајдено на 20 км од местото каде што се изгубиле со неговиот сопственик

Кучето на исчезнат планинар од  Колорадо, кој последен пат бил видено на 3 Февруари, е пронајдено откако преживеало цели осум дена пред да биде забележано на автопат 20 километри од местото каде што се изгубиле.

Властите во округот Болдер сè уште трагаат по Jош Хол (27) од Арвада, предградие на Денвер.

Хол исчезна откако тој и неговото куче Хепи последен пат беа видени вечерта на 3 февруари во близина на Хеси Трејлхед, популарна точка за пешачење што води кон пустината Индија Пикс.

Хепи беше пронајден во Четвртокот во близина на автопатот Пик до Пик во округот Болдер, околу 20 километри од Хеси Трејлхед.

„Кученцето е повторно обединето со семејството и добива многу потребна храна и љубов“ велат од  канцеларијата на шерифот во округот Болдер.

Властите бараат од јавноста „да внимава на се што е поврзано со Џош“, вклучувајќи предмети, облека или поводник.

Ник Вуксон, очувот на Хол, рече дека Хепи изгубил помеѓу 10 и 15 килограми, иако немало траги од премрзнување.

„Како може домашно куче да биде горе во Карпестите Планини во некои екстремно тешки услови и да се појави без никакви смрзнатини“, изјави Вуксон.

„Не знаеме дали можеби нашол некое засолниште и можеби Џош бил со него. Не сме сигурни“.

Мајката на Хол, Лора Вуксон, рече дека пронаоѓањето на Хепи и даде нова надеж дека нејзиниот син е жив.

„Врз основа на информациите што ми беа дадени, не мислев дека има шанси да преживеат“, рече таа.

„И фактот дека Хепи е тука апсолутно ми дава нова надеж“.

Но, таа додаде: „Јас сум преплашена, тоа може да значи дека Хепи останал со Џош додека тој не подлегнал на студот“.

Патеката Devil’s Thumb Lake во близина на Недерланд, која започнува од Хеси Трејлхед, е долга околу 20 километри, и се смета за тешка со оглед на тоа што секој што ќе стигне до езерото, ќе мора да се искачи на височина од скоро 2500 метри

Според мајката на Хол, Хол и Хепи започнале со пешачење по патеката помеѓу 10:30 и 10:45 часот на 3 Февруари.

Мајката на Хол рече дека откритието на Хепи е „чудесно“.

Таа на својата страница на Фејсбук напиша дека нејзиниот син планирал да пешачи неколку часа пред да се врати дома во Арвада за да одржи час по 17 часот на интернет.

Тоа значи дека тој ќе морал да го заврши пешачењето најдоцна до 16 часот.

Лора Вуксон пишува дека мобилниот телефон на нејзиниот син дал сигнал во 12:03 часот, ставајќи го во близина на патеката за езерото Devil’s Thumb

Скијачкото одморалиште „Елдора“ во близина извести за огромна снежна бура со „повеќе сантиметри снег за неколку минути“ во областа помеѓу 12:30 и 13:15 часот.

„Веруваме дека тој беше, за жал, на најоддалечената точка кога дојде навистина лудата снежна бура“, изјави Лора Вуксон.

Кога Хол не се врати дома таа вечер, властите веднаш беа известени и тим од околу 70 трагачи и се спротистави на  зимската бура за да ги бара Хол и Хепи.

Тимот за пребарување помина четири дена во потрага по парот, но не беше во можност да ги лоцира, според канцеларијата на шерифот во округот Болдер.

Потрагата на крајот беше прекината поради опасни временски услови.

Вуксон рече дека потрагата е прекината поради „висока опасност за лавина“.

Во моментот на неговото исчезнување, Хол, кој е 193 сантметри висок и тежи 200 кг, носел сиво-кафеава или темна тврда јакна, според неговата мајка.

Хол носел сиво-црн ранец и долг црн поводник.

Вуксон пишува дека Хепи бил без поводник кога бил пронајден и дека Хол му дозволувал да шета без поводник.