Куче-херој било застрелано два пати додека заштитувало младо девојче од разбојници
Запознајте ја Старла, 2-годишно кученце кое му го спасило животот на младо девојче. Двајца мажи, од кои еден вооружан со пиштол се појавиле пред дом во Џорџија со намера да го ограбат.
Сепак нивните планови беа „поматени“ од едно храбро мало кученце.
Во домот на Дион Евинг била само нејзината млада внука и кученцето Старла. Девојката добила известување преку камерите дека некој се обидува да влезе во куќата. Разбојниците брзо ја срушиле вратата и влетале внатре.
Веднаш штом влегле во куќата Старла ги нападнала и тие ја застрелале два пати. Но, упорното куче не се откажувало, додека девојката бегала преку гаражата, разбојниците се обиделе да пукаат и кон неа, но Старла повторно ги спречила иако веќе била повредена.
Старла била застрелана во предната и задната нога и сега се опоравува. Разбојниците избегале затоа што сфатиле дека се активирал алармот и дека полицијата наскоро ќе пристигне. Полицијата сѐ уште трага по сторителите, а Дион вели дека нејзината внука е жива благодарение на Старла.