Куче-херој се бори со шумските пожари во Австралија за да спасува животи
Храбро куче наречено Мечка беше прогласено за херој затоа што им помага на пожарникарите да ги спасат сирачињата коали од пожарите што ја зафатија Австралија. Се вели дека ова куче е единственото во светот кое може да го користи својот нос за да пронајде измет и крзно од коала.
Мечка носи специјални чевлички кога оди на опожаените места за да не му настрадаат нозете и седи мирно до својот дресер се додека не намириса коала.
Тој во моментов е распореден во Нов Јужен Велс и Квинсленд и ќе се упати кон Короиба, кој е северно од Носа на Брегот на Сонцето и е една од најтешко погодените области. Добротворната организација за животни на Австралија, Меѓународниот фонд за благосостојба на животните, сподели фотографии од Мечка во акција на објавата на која пишува: „За жал, не се пронајдени знаци на коали, но се надеваме дека преживеаните ќе се најдат во околните области.“
Мечка бил спасен од шинтерница и тој има опсесивно компулсивно нарушување што значи дека не сака да се игра, но за среќа тој бил спасен од универзитетот „Sunshine Coast“ каде бил обучен да пронаоѓа коали.
„ега, повеќе од кога било, зачувувањето на поединечни коали е клучно. Со толку интензивен почеток на сезоната на пожари, ќе поминат многу недели и месеци пред да се изгаснат некои од овие пожари. Цело време, дивиот свет ќе продолжи да има потреба од спасување и лекување и може да остане во грижа некое време. Патот до закрепнување ќе биде долг.“, објаснува предизборникот на IFAW, Џои Шард, зошто работата на Мечка е толку важна.