Куче избегало од дома за да може да се дружи со новиот необичен пријател
Едно од најлошите чувства на светот е кога вашето милениче ќе исчезне. Немате идеја каде се, како се, дали се во ред или им е потребна помош. Рејчел Хаут е добро запознаена со ова чувство. Хаската Кода избегала од дома. Рејчел ја пребарала шумата близу нејзината куќа, но без успех. Потоа, на крајот, после неколку дена, Кода се вратила во нејзината куќа во Манитоба, Канада, како ништо да не се случило.
Сепак на Рејчел ѝ текнало дека нивниот сосед има поставено камери на патеката во шумата и таа решила да провери дали некоја од нив успеала да ја забележи Кода. Жената била прилично изненадена. Кода не само што избегала од дома туку и си пронашла нов пријател. Еден голем елен.
Животните биле забележани на камерите заедно цели 12 часа. Тие се играле, дружеле и спиеле заедно. Кој знае можеби ова е „забранета љубов“ или пријателство. Рејчел не знае како да ја објасни ситуацијата, но сепак мило ѝ е што Кода имала друштво и се вратила дома безбедно.