Куче решило да направи направи „некој круг“ со автомобилот на сопственикот па дури и полицијата не го запре

Еден сончев ден во Флорида станал многу необичен откако соседите забележале дека им дошле неколку полицајци во маалото и набљудуваат сив автомобил кој се врти во круг. Но, кога сфатиле што се случува сите скоро заплакале од смеа. Полицијата можела само да стои и да се надева дека „неискусниот возач“ ќе реши да застане во одреден момент.

Florida dog puts car into reverse, drives it in circles for nearly an hour

Еден од соседите се вратил дома со своето куче на совозачкото седиште и на неколку минути излегол надвор од ватомобилот. Тогаш неговиот црн лабрадор сфатил дека тоа се неговите 5 минути на слава и решил да се провози со автомобилот. Сѐ уште не се знае како кучето успеало да тргне во рикверц и да управува со автомобилот, но во оваа положба останал околу еден час.

Dog gets stuck in car, drives it in circles in reverse

Соседката Ана Сабол била една од луѓето на кои целата ситуација им била и повеќе од смешна. За среќа кучето не повредило никого, осбен што турнало поштенско сандаче и канта, или што би рекла Ана: „Подобар е од некои возачи денес.“ На крајот кучето одлучило да излезе од автомобилот и си мафтало со опавчето, задоволно од возењето.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.