Куче чекало ред пред Американската амбасада во Скопје и набргу си доби „виза“ и лет за САД

Бајки се случуваат и во Македонија, а доказ за тоа е ова мило кученце кое го доби името Бела Дуковска. Од организацијата „Pilots N Paws“ велат дека Бела била куче-скитник.

Еден ден таа дошла пред Американската амбасада во Скопје и застанала во редот за виза. Кучето трпеливо чекало да му дојде редот цел ден.

Вработените од амбасадата не можеле да му одолеат на милото кученце и не сакале да ја остават да продолжи да лута сама. Тие велат Јана Дуковска вработена од амбасадата е „виновникот“ за среќниот крај на приказната на Бела Дуковска (по неа кучето го добило презимето). Јана заедно со тимот на организацијата се потрудиле Бела да се најде на меѓународен лет до Чикаго.

И успеале во тоа! Уште еден вработен во амбасадата исто така исконтактирал своите колеги, пилоти во САД, Едуард Сеитан и 2-ца негови колеги, за Бела да биде префрлена со мал авион до Минесота каде што ја чекало семејството кое прифатило да ја посвои.

Бела била воодушевена од авантурата и исто така добро се согласувала со пилотите. Ние веруваме дека кучето не се надевало дека од студените и влажни улици на Скопје ќе заврши во топол дом на другата страна на светот.

 

Photo: Facebook Pilots N Paws

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.