Куче спаси стадо овци од пожар во Австралија

Куче-херој успеа да собере стадо овци и да го оддалечи од пожарот, носејќи го до нивната фарма во Австралија.

Симпатичното куче Петси и нејзиниот неименуван сопственик биле опколени од пожар кој беснеел низ руралниот град Корионг во Викторија, Австралија.

Освен што Петси му помогнала на сопственикот да ги спаси овците без страв од огнените јазици, таа исто така веднаш по завршената работа застанала на „фронтот“ за да му помогне на сопственикот да ја заштити фармата. Таа била заедно со него кога со тракторот носел земја и кога ги поставувал пумпите за вода.

За среќа нивната мисија била успешна и не настрадало ниту едно животно, а исто така спасена била и фармата заедно со храната за овците која била сместена таму.