Кученце кое изгледа како магичен еднорог ги освои срцата на луѓето низ светот

Ова симпатично куче е споредувано со еднорог бидејќи има само едно уво во средината на главата. Златниот ретривер Рае ги освојува срцата на корисниците на социјалните мрежи низ целиот свет заради нејзиниот уникатен атрибут.

Очигледно, таа останала со едното уво после случајна повреда при раѓањето, а како што растела увото „мигрирало“ до горниот дел од главата. Рае набргу стана ѕвезда на инстаграм поради нејзината уникатност и сите едвај чекаат да видат нови фотографии од оваа позитивно кученце со магична енергија.