Кучето ѝ го изело пасошот и таа била лута, но по неколку дена сфатила дека тоа ѝ го спасило животот
Домашните миленици понекогаш можат да ни направат огромна штета, или да не спречат да бидеме таму каде што сме имале намера да одиме.
Ова може прилично да нѐ разлути, но сепак на крајот на денот им простуваме, а особено кога нивната грешка, ни го спасува животот. Жена од Тајван била бесна кога нејзиното куче Кими ѝ го изело пасошот.
Наредниот ден жената планирала да патува во Вухан во Кина, но бидејќи немала пасош морала да го одложи патувањето. За неколку дена излезе веста за страшнниот коронавирус и неговата почетна точка во Вухан. Така што многу е веројатно дека кучето ѝ го спасило животот.
„Дечки дали се сеќавате на пасошот? Ова дете навистина ме штити. Откако пасошот ми беше уништен вирусот почна да оди таму каде што првично планирав да одам. Размислувам за тоа сега и многу е трогателно. За среќа, тоа го спречи моето патување.“, напишала жената.
Досега се смета дека 56 луѓе починале во Кина поради коронавирусот, додека повеќе од 1.900 случаи се потврдени низ целата земја. Се верува дека Вухан е „нулта земја“ за вирусот, иако наводно се бори да се справи со тоа што болничките ресурси се слаби.