Кучињата скитници штитат бездомник и покрај тоа што нивните животи се во опасност

Фотографиите од Малезија покажуваат група кучиња скитници кои штитат бездомник и покрај тоа што биле опкружени со шинтери. Наместо да избегаат колку што е можно подалеку, тие се собираат околу неименуваниот бездомник, решени да го одбранат. Другите фотографии покажуваат дека храбрите кучиња биле фатени и однесени.

Се чини дека групата кучиња го сакаат и се грижат за човекот, за кого некои претпоставуваат дека го сметаат за свој газда. Други, пак, тврдат дека тој ги хранел кучињата за да се дружи со нив, заработувајќи ја нивната доверба и лојалност.

Во Фејсбук објава за инцидентот, Градскиот совет на Кајанг објави дека 6,5-часовната операција опфатила фаќање на вкупно 20 кучиња скитници низ различни области на Кајанг. Многу од оние во делот за коментари го повикаа градскиот совет да ги контролира скитниците користејќи похуман метод.

За жал, Малезија официјално не го практикува похуманиот методот ТНРМ, кој опфаќа фаќање вакцинирање на животните и повторно враќање на местото каде што биле најдени. Наместо тоа животните се ловат, се ставаат во кафези и имаат рок од 7 дена да бидат посвоени, а потоа ги заспиваат (убиваат).