Куќата во која се снимаше вашиот омилен божиќен филм е достапна за изнајмување и е совршено место за празнична магија

Куќата во која е сниман филмот „Сам дома“ наскоро ќе биде достапна за изнајмување на „Airbnb“.

Имотот во приватна сопственост се наоѓа на авенијата Линколн 671 во Винетка, на 30 минути возење од Чикаго, Илиноис, САД, каде што се одвива дејството во филмот.

Куќата била избрана од страна на продуцентскиот тим кој стои зад филмот од 1990 година, во кој Маколеј Калкин глуми момче кое вешто се справува пар крадци  кога неговите родители заминуваат да го поминат Божиќ во Париз и случајно го забораваат младото момче дома.

Имотот, кој првично бил изграден во 1920-тите, бил во сопственост на Џон и Синтија Абендшиен за времето на снимањето на филмот.

Парот Абендшиен платил 875.000 долари за домот од црвени тули од 4.250 квадратни метри во 1988 година.

Познатиот дом беше продаден за 1,58 милиони долари во 2012 година.

Огромната популарност на филмот „Сам дома“ можеби не одеше во корист на Абендшиенови кога тие се обиделе да го продадат имотот, кој остана туристичка атракција од објавувањето на филмот.

„Секогаш кога одам покрај таа куќа, гледам некој како фотографира“. изјави долгогодишната жителка на улицата.

Сега, за прв пат, љубителите на филмот ќе добијат шанса повторно да ја доживеат божиќната класика во оригиналниот дом на Мекалистер.

Airbnb вели дека гостите можат „да ги остават своите деца да трчаат слободно навечер без да се гружат за досадни натрапници“.