Куклена претстава за мечето (виц)
Малото мече му вели на таткото мечок:
– Тато, тато, направи ми куклен театар!
Таткото нервозно:
– Пак ли, бе? Аман веќе!
Мечето повторно:
– Ајде бе, татенце! Те молааам! Направи ми куклен театааар!
Мечокот попуштил:
– Добро, ама ова е последен пат, да знаеш!
Потоа извадил два човечки черепи, си ги ставил на предните шепи и започнал со тенок глас:
– Еј, брат! Во оваа шума има ли мечки?
– Ха-ха-ха! Ти не си нормален бе! Тука нема ќорава мечка!
Коментирај анонимно