Култовите во Холивуд: Кои ѕвезди успеаја да избегаат од влијанието на религиозните секти
Холивудските ѕвезди често стануваат жртви на култови и духовни движења поради потрагата по смислата на животот, емотивна нестабилност или потреба од припадност – во индустрија што често ги изолира. Некои остануваат во такви организации и денес, додека други успеале да избегаат и дури јавно да проговорат за темната страна на овие групи. Во продолжение, погледнете кои познати личности биле под влијание на култови – и како (или дали) се ослободиле.
Содржина:
Хоакин Феникс и скршеното детство
И Хоакин Феникс бил роден во „Децата на Бога“. Неговото семејство ја напуштило сектата кога имал само 4 години. Тој избегнува да зборува за тоа минато, а денес се фокусира на актерството и активизмот, особено за правата на животните.
Мишел Фајфер и „сончевото дишење“
На почетокот од кариерата, Мишел Фајфер паднала под влијание на група која проповедала дека луѓето може да преживеат без храна, само преку сончева енергија и воздух. Била млада, самоуверена и во потрага по смисла. Ја спасил нејзиниот иден сопруг Питер Хортон, кој ја извлекол од опасните практики навреме.
Том Круз и животот во Саентологијата
Том Круз е веројатно најпознатото лице поврзано со Црквата на Саентологијата – не само следбеник, туку и амбасадор кој активно ја промовира. Организацијата има длабоко влијание врз неговата кариера, приватен живот и врската со неговите деца.
Во 1980-тите, преку првата сопруга Мими Роџерс, Круз влегува во саентологијата. Таа го вовела во првите курсеви, каде што тој тврди дека ја надминал својата дислексија и стекнал самодоверба. Црквата, основана од Л. Рон Хабард, проповеда дека луѓето се духовни суштества (тетани) со повеќе животи, а крајната цел е состојба на „јаснотија“.
Круз станува близок со лидерот на црквата, Дејвид Мискиевич, и се издигнува високо во организацијата. Но, неговата посветеност има своја цена: разводот со Никол Кидман, која црквата ја сметала за „потиснувачка личност“, и отуѓувањето од ќерката Сури, која не е дел од верата. Иако неговите посвоени деца, Конор и Изабела, остануваат во црквата, Круз едвај има контакт со Сури и Кејти Холмс, кои се одвоија од него во 2012 година поради влијанието на сектата.
Џон Траволта и трајната одданост
И Џон Траволта со децении е член на Саентологијата. Смета дека му помогнала да се справи со лични трагедии, вклучувајќи ја смртта на неговиот син Џет. Но, за разлика од други ѕвезди, никогаш не се дистанцирал.
Интересно е што неговата поранешна пријателка и актерка, Лија Ремини, не само што ја напушти организацијата, туку стана нејзин најгласен критичар преку документарната серија „Науката за саентологијата“.
Лиза Мари Присли – Бегство по децении
Ќерката на Елвис, Лиза Мари Присли, со години беше активна членка на саентологијата. Во 2014 година објави дека чувствувала како организацијата ја манипулира – психички и емоционално. Таа јавно ја напушти сектата и проговори за загубените години и психичката цена што ја платила.
Роуз Мекгован и сектата „Децата на Бога“
Актерката Роуз Мекгован пораснала во култот „Children of God“, кој проповедал „слободна љубов“ – вклучително и педофилија. Нејзиното семејство избегало кога имала 9 години, откако увиделе колку е деструктивен култот.
„Немавме пристап до весници или телевизија. Требаше да нè држат во темнина за да не дознаеме што навистина се случува“, вели Мекгован. Денес, таа е активистка и борец против насилство врз жени, особено во Холивуд.
Чарли Шин и движењето „Сопствената реалност“
Во 1990-тите, Чарли Шин експериментирал со култ кој проповедал создавање на лична реалност преку отфрлање на негативноста. Со текот на времето увидел колку е токсично тоа и се дистанцирал – иако поради проблеми со зависностите, неговиот пат не бил лесен
Мадона и Кабала
Во раните 2000-ти, Мадона стана најгласниот поддржувач на модерната Кабала – преку Кабала Центарот, организација која адаптира езотерични еврејски учења за масовна публика. Таа го промени својот имиџ, го зеде името Естер, донираше милиони, и ги воспитуваше децата во тој дух.
Еден од најконтроверзните моменти беше кога во интервјуа изјавила дека Кабала може да „лекува тешки болести“, вклучително и рак, што наиде на критики од медицинската заедница.
Но со текот на времето, нејзината посветеност ослабна – по смртта на клучниот духовен водач и по скандалите поврзани со измама, злоупотреба на средства и манипулации од страна на центарот. Нејзиниот син Роко подоцна се откажа од Кабалата, што доведе до конфликт меѓу него и мајка му.
kabalata e broj eden. Toa ne e laga. Mislete so sakate
Коментирај анонимно