Кумановци се на нозе цела ноќ: Религиозна секта со возрасни и мали деца се досели во Куманово

Кумановци ни испратија куп видеа и фотографии од сектата. Се шпекулира дека се работи за членови на екстремистичкиот еврејски култ Лев Таор кои беа протерани од Босна. Членовите на сектата имаат американски и канадски државјанства.

Босанската влада протерала 37 членови на култот Лев Таор поради тоа што го вознемирувале населението со своето необично однесување. Според некои жители на Босна, децата пееле ноќе, а групата се изолирала од светот со високи метални порти и се однесувале чудно.

Откако биле протерани во четвртокот, биле видени како ја преминуваат црногорската граница и се упатуваат во правец на Македонија.

Во продолжение неколку видеа и фотографии.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!