Кумановецот и паметниот тоалет (виц)

Кумановец си купил паметен тоалет. Додека не го запалиш светлото, вратата не се отвора за да влезеш. Додека не пуштиш вода, вратата не се отвора за да излезеш. Им се пофалил на сите другари, многу задоволен.
По некое време, еден од пријателите го прашува:
– Како е тоалетот брат? Го користиш ли? Размислувам и јас да си купам.
– Ич не ни помислувај, јас престанав да го користам. Ова е Куманово, 3 пати го испуштив пред вратата затоа што немаше струја, а 2 пати спиев во тоалетот затоа што немаше вода.