Куманово полека, но сигурно се движи кон ЕУ, откако овој човек почна да си го шета необичното милениче
Се сеќавате на периодот кога можевме да излегуваме за време на полициски час, само ако го шетаме миленичето? Па, можеби овој кумановец токму тогаш си ја купил свињата и секако не е хумано да се откажеш од нешто доколку повеќе немаш „корист“. Кумановци веќе неколку дена по ред се сведоци на оваа навидум хумористична глетка.
Непознатиот човек освен што ја шета свињата низ населбата „Гоце Делчев“ почнал истото да го прави и на булеварот. Нема информации кој е човекот, но можеби е веган, па си ги сака сите животни подеднакво… Ало, ЕУ се слушаме ли?
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.