Куп кратки вицови за весел крај на работната недела

Понекогаш се прашувам дали сево ова се случи затоа што не ја препратив таа порака до 10 луѓе?

– – – – – –

Убавото во Македонија е што имаме 4 годишни времиња. Лошото е што сите се во ист ден…

– – – – – –

– Значи спиеш и со други жени а?
– Душо, тоа е затоа што не сакав да те навредам, да помислиш дека сум со тебе само заради с*ксот.

– – – – – –

– Жено, имам добра и лоша вест!
– Кажи ја прво добрата!
– Ќе станам татко.
– Што ти е бе, не сум трудна.
– Е, тоа е лошата…

– – – – – –

Знаците, дека некоја жена те сака:
– Се смее на твоите шеги…
– Бара контакт со очи…
– Си ја фаќа косата…
– Сака да умреш…

– – – – – –

На чет:
– Маче, колку кила си?
– 60 и кусур.
– Е колку е тој кусур?
– 40.

– – – – – –

После подолго време, влегувам во сендвичара да си купам гиро. Го гледам месото како се врти, го слушам како крчка, а мириса божествено. Вработениот потоа зема електирчна пиличка и почнуваа да сече и прави цел куп вкусно месо. Од устата ми течат лиги и одвај чекам да ми го даде гирото и да гризнам еден голем залак. Претпоставува истото ова чувство го имаат и веганите кога гледаат како некој коси трева.

– – – – – –

Фразата „животот е краток“ ги поттикнува луѓето на постапки, кои го прават уште пократок!

– – – – – –

– Драги, мислиш ли, дека сум идеалната жена?
– Ти си многу повеќе, душо!
– Колку повеќе?
– Па, околу 50 кила…

– – – – – –

Во црешите има црви само ако ги проверувате! Инаку нема!

– – – – – –

Прв пат во животот нема да можам да отидам на одмор на Бахамите заради Ковид-19. Досега не можев заради пари.