Курир без размислување влезе во запалена куќа и стана херој

Шон Кемпбел, курир на Амазон, бил на своето работно место и си извршувал рутинска испорака. Но работите тргнале во нов правец кога се приближил до Њу Смирна Бич.

Откако слушнал врисоци ги испуштил сите пакети истрчал на местото на настанот, каде што се соочил со пожар во една од куќите во населбата. И покрај опасноста 23-годишното момче било решено да помогне.

„Слушнав врескање и кога ќе слушнеш такво нешто, мора да помогнеш.“, вели Шон. Кога Шон пристигнал во домот, една постара жена успеала да излезе, но внатре имало еден маж, кој изгледал неподвижен. Човекот бил во кујната и се движел со помош на помагало и Шон вели дека делувал како да не знае што се случува.

Шон влегол и го извлекол човекот велејќи му дека мора да се движи. „Тој се обидуваше да го зграби својот шетач. А јас му велев не, мора да се движиме… мора да видиш уште еден ден.“

Се верува дека пожарот потекнува од гаражата. Бидејќи човекот не бил во можност да се движи доволно брзо Шон ја скршил вратата за да може брзо и безбедно да го придружува пензионерот надвор од домот.

Тим Вест, син на старецот пристигнал наскоро и изхавил дека бескрајно му е благодарен на курирот. Наскоро пристигнале пожарникарите кои успеале да го спасат и семејното куче иако куќата е уништена.