Кваден, момчето кое ги молеше своите соученици да престанат да ја исмејуваат неговата состојба, ќе глуми во голем блокбастер со Крис Хемсворт во 2024-та година

Пред помалку од 3 години, мајката на Кваден Бејлс објавила потресно видео од нејзиното момче како плаче затоа што неговите соученици го исмевале. Тогаш Кваден не знаел дека неговиот живот драстично ќе се промени. Денес, младото 12-годишно момче , кое сè уште не започнало ни средно училиште, е на патот да стане голема ѕвезда. Наскоро дури ќе го видиме и во блокбастер во кој глуми холивудскиот А-листер Крис Хемсворт.

 

 

Кваден е австралиско момче кое е родено со тип на џуџест раст познат како ахондроплазија. Светот првпат можеше да ја открие неговата приказна благодарение на видеото што го сподели неговата мајка, снимено на почетокот на 2020 година. На клипот, кој стана вирален, се гледа како младото момче во задниот дел од автомобилот се чувствува повредено и плаче откако неговите соученици го измачувале поради неговата состојба.

Видеото брзо го привлече вниманието на светот, а на него реагираа познати личности како холивудскиот А-листер Хју Џекмен. Австралискиот актер објави видео порака на „Твитер“ и му порача на слаткото дете: „Без разлика на се, имаш пријател во мене“. Тој додаде: „Кваден, ти си посилен отколку што знаеш, другар“.

 

И изливот на љубов и поддршка за Кваден не запре тука. Всушност, оскаровецот Џорџ Милер реши да му даде улога во неговиот најнов блокбастер „Furiosa“, кој ќе биде петти филм од франшизата „Mad Max“. Во филмот, кој се очекува да излезе во мај 2024 година, ќе играат актерот Крис Хемсворт и актерката Ања Тејлор-Џој. По оваа објава, 12-годишното момче им напиша на своите 273 илјади следбеници на „Инстаграм“: „Едвај чекам да се гледам на големиот екран следната година“.

Сепак, ова нема да биде прв пат да го видиме Кваден на големото платно. Всушност, тој претходно имаше улога на статист во друг филм на Џорџ Милер наречен „Три илјади години копнеж“. Тој доби можност да игра наспроти холивудските А-листери Идрис Елба и Тилда Свинтон.

За време на премиерата на филмот, Кваден ја изрази својата страст и возбуда за оваа можност и истакна : „Сакам да глумам, сакам да се занимавам со филм“.

За возврат, Милер го опиша талентираното момче како „многу вешт“. Познатиот режисер додаде: „Како и сите други, ја видов снимката што ја постави неговата мајка. Бев неверојатно трогнат од тоа“. Тој, исто така, објасни дека одлучил да му ја понуди на  улогата во „Furiosa“ бидејќи „тој завршил толку добра работа“ на претходниот филм.

Се надеваме дека ова е почеток на долго и возбудливо поглавје во животот на Кваден и дека уште долго ќе го гледаме ова вешто младо момче на нашите екрани.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *