Лабрадор изгубен на плажа во Кина пронајден на 1.500 км оддалеченост 3 месеци подоцна, повторно вратен кај сопственикот
Еден домашен миленик во Кина беше чудесно пронајден на 1.500 километри од својот дом и повторно обединет со сопственичката, три месеци откако исчезна од плажа во градот Кингдао, провинцијата Шандонг.

Лабрадорот по име Септември, исчезнал на 13 август додека се играла во својата градина покрај плажа во Кингдао. Како што изјави нејзината сопственичка, госпоѓа Гао, кучето само излегло од дворот додека таа не гледала. Кога забележала дека Септември ја нема, веќе било предоцна. Подоцна прегледала снимки од видео надзор од блискиот фестивал на пиво и открила дека Септември заминала заедно со друго куче и неговиот сопственик.

Гао никогаш не се откажала од потрагата по својот миленик. Посетувала засолништа за животни низ градот и вредно ги прегледувала сите објави на интернет што можеби би ѝ помогнале да го најде своето сакано куче. Таа исто така патувала и во други градови секогаш кога ќе видела фотографија од лабрадор што личи на Септември.

На 6 ноември, Гао на интернет пронашла видеа од лабрадор кои ги објавила жена од Чангша, на околу 1.500 километри од нејзиниот град во провинцијата Хунан, централна Кина.
Веднаш ја препознала својата кучка Септември по трагите на нејзината кожа, кои се појавиле поради кожно заболување.
За време на видео разговор со жената, по презиме Жоу, Гао го изговорила името на кучето и гледала како Септември реагира на нејзиниот глас.
„Заплакав од радост веднаш,“ се присетува Гао.

Жоу ја пронашла Септември како талка по улица под силен дожд во 3 часот наутро на 4 ноември.
Загрижена дека може да се разболи, таа ја однела во својата работна соба, ѝ купила храна и ѝ подготвила ќебе.
Кога Жоу ги објавила видеата во надеж дека ќе го пронајде сопственикот, неколкумина ѝ напишале дека кучето било видено како денови талка низ маалото.
Гао вели дека не може ни да замисли како Септември стигнала толку далеку.
„Можеби била украдена или некој турист ја однел во Чингдао. Како и да е, минала низ многу.“
По уште неколку видеа за да се увери дека навистина е нејзиното куче, Гао повикала служба за транспорт на миленици и платила 1.100 јуани (155 американски долари) за Септември да ѝ ја вратат на 8 ноември.
„Не сакав да загубам ниту една секунда,“ рече таа.

Гао раскажува дека Септември веднаш скокнала во нејзината прегратка и дури заплакала. Била здрава и дури успеала малку да ослабе.
Приметила и мала промена во нејзиниот карактер — станала помалку мрзелива и поентузијастична да им помага, на пример, да им носи папучи. Гао вели дека ќе ѝ постави микрочип на Септември за никогаш повеќе да не ја загуби.

Коментирај анонимно