Лаги кои секоја жена барем еднаш во животот ги слушнала од маж
Дури и најчесните мажи понекогаш кажуваат по некоја лага. Ова не се лаги кои нè прават премногу лути, туку оние типични мали секојдневни кои секоја жена барем еднаш во животот ги слушнала од мажите. Во продолжение погледнете кои се најчестите бели лаги што ги кажуваат мажите.
1. „Не ја ни погледнав“
Да, добро забележавте, ја погледна жената во ходникот. Исто како што ние жените скицираме згоден дечко.
2. „Јас ќе ги измијам садовите наутро, не ми се станува сега“
Во 99 проценти од случаите, споменатите садови следното утро повторно ќе ве дочекаат – неизмиени.
3. „Сите твои пријатели ми се одлични“
Невозможно. Дури и ние неговите пријатели на почетокот ќе ги рангираме, затоа што по првото дружење со нив многу добро знаеме кој од нив повеќе го сакаме, а кој помалку.
4. „Тие фармерки убаво ти стојат.“
Искрените мажи кои вреди да ги земете со себе во шопинг се навистина реткост. Повеќето сепак ќе ни дадат комплимент на сметка на нашиот нов моден избор, без ниту еден поглед на парчето што сакаме да го купиме.
5. „Те слушам“.
Само замолете го да ги повтори последните две реченици што сте ги изговориле.
6. „Не носев мобилен со мене“.
Мобилниот телефон најверојатно цело време бил во неговиот џеб, но тој едноставно не можел да зборува, што е сосема легитимна причина да го игнорира повикот.
7. „Никогаш не би те излажал“.
Сите лажеме. Се разбира, ова се најчесто оние мали бели лаги кои не играат голема улога во градењето доверба.