Ламборџини направи јахта вредна 3,4 милиони долари и сосема е во нивниот стил

Дали некогаш сте погледнале луксузен спортски автомобил и си помисливте: „Знаеш што, многу подобро ќе изгледаше да беше голема луксузна јахта.“ Доколку е така вашата замисла се има исполнето. Ламборџини се здружи со „The Italian Sea Group“ за да создаде јахта од 3,4 милиони американски долари.

Запознајте ја Tecnomar for Lamborghini 63, импресивна јахта во ограничено издание, именувана според основачката година на Ламбурџини од 1963 година.

Јахтата, која тежи 24 тони и е долга 19 метри, е класифицирана како „ултра лесна“ како резултат на нејзината конструкција со јаглеродни влакна. Напојувана со два мотори V12, секој од нив создава 2.000 коњски сили, Tecnomar влева инспирација од хибриден суперавтомобил Lamborghini Sián FKP 37.

Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на „Автомобили Ламборџини“, во изјавата рече дека јахтата „претставува значење за создавање на драгоцено партнерство во најдобар случај“. Двата мотори на јахтата значи дека ќе можат да достигнат 60 јазли, со што ќе биде најбрза во возниот парк на Tecnomar.

Надворешниот дизајн е опишан како „врвен, но темелно наутички“, со трупот и надградбата создадени од школка со високи перформанси, изработени од поморски инженери.

Внатрешноста се карактеризира со „иконични чисти линии на Ламбурџини, шестоаголни форми, Y-мотив и материјали“ и сите тие се вградени во дизајнот, заедно со целосно прилагодливи бои и материјали. Клиентите ќе можат да избираат од широк спектар на надворешни бои, додека ентериерот се нуди во две различни верзии.

Џовани Костантино, извршен директор на италијанската морска група, рече дека јахтата „ќе стане футуристичка икона како автомобилот од кој е инспирирана“, опишувајќи се себеси како „горд“ за создавање на „иновативната и предизвикувачка“ јахта ”што ја поврзува технологијата, врвниот дизајн, квалитет и перформанси ”.