Лате со путер од кикирики – пијалок што дефинитивно ќе сакате да го пробате, но треба и да знаете како точно да го направите
Постојат многу причини да се сомневате во оваа идеја за пијалок, лате со путер од кикирики. За почеток, путерот од кикирики е густа паста, а еспресото е течност, па како ќе одат заедно? А потоа, тука е и вкусот – дали воопшто ќе се спојат? Излегува дека овие проблеми се решаваат сами по себе: Да, путерот од кикирики е паста, но содржи многу заситени масти и масла, од кои и двете добиваат пријатна течна состојба кога се загреваат.

Како да го направите најдоброто лате со путер од кикирики?

Првото прашање е кои видови путер од кикирики најдобро ќе функционираат. Најдобро е да одберете мазен путер од кикирики, бидејќи не сакате вашето кафе да крцка.
Ставете една лажица путер од кикирики и двојна доза еспресо. Промешајте. Зовријте млеко на кафемат. И дополнете со топло млеко.
Сега за лошите вести: текстурата на овој пијалок страда, ако му додадете мраз. Па, така можеби не е совршен летен пијалок, но дефинитивно го препорачуваме откако ќе паднат температурите.

Коментирај анонимно