Лавчето Спарта старо 28.000 години е пронајдено сочувано во сибирскиот мраз
Споделени се неверојатни слики од лавче старо 28.000 години, пронајдено сочувано во сибирскиот мраз.
Младенчето е наречено Спарта, а научниците веруваат дека можеби се` уште има уште траги од мајчиното млеко во неговиот систем.
Спарта беше пронајден кај реката Семјуелијах во рускиот регион Јакутија во 2018 година, откако друго младенче, Борис, беше пронајдено една година претходно. И покрај тоа што се пронајдени на само 15 метри едни од други, Борис и Спарта се од различно легло, а Борис се верува дека живеел пред околу 43.448 години.
Според авторот на студијата Валериј Плотников, Спарта бил толку добро сочуван што „младенчето се` уште имало крзно, органи и скелет“.
Лавови како овие младенчиња изумреле пред илјадници години, но ова неодамнешно откритие откри нови информации за мистериозните суштества.
„Самото откритие е уникатно, немаше друго такво откритие во Јакутија “, рече Плотников. „Се надеваме дека ќе најдеме остатоци од мајчиното млеко, бидејќи ако го имаме тоа, можеме да разбереме каква била исхраната на мајката“.
Центарот за палеогенетика во Стокхолм верува дека младенчето Спарта е „веројатно најдобро зачуваното животно од ледено доба “.