Лебарка во кујната (виц)
Две комшивки седат на кафе и едната вели:
– Вчера мажот ми најде лебарка во кујната.
– Леле, да не ни се наполни зградата со лебарки!? И што се случи?
– Сѐ извади од кујната, исчисти, дезинфицира, цел ден тоа правеше.
– А со лебарката што се случи?
– Ништо, денес ќе му ја пуштам во ходникот.
Коментирај анонимно