Ледени кокос коцки – рецепт за колач што ќе го обожуваат сите во семејството
Ова е варијанта на стариот и проверен рецепт за Ледени коцки, во кој се додава кокос. Прекрасна и многу вкусна варијанта за сите љубители на кокос.
- За да го направите тестото: изматете 5 белки со 5 лажици шеќер и 1 ванила. Во убаво изматената пена додадете ги жолчките, една по една. На крај додадете 5 лажици брашно помешани со 2 лажици какао. Тестото сипете го во подмачкано тавче (со масло и брашно) со димензии 20х30 цм. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 – 25 минути. Проверете дали е испечено со чепкалка.
- Оставете го тестото да се излади и избоцкајте го со чепкалка. Прелијте го со загреано млеко, 250 мл. Ако сакате да е повеќе благо додадете вo млекото и 2 лажици шеќер.
- Фил: во тенџере измешајте 12 лажици шеќер со 9 лажици густин. Додадете 1 литар млако млеко, измешајте и сварете крем. Оставете малку да се излади. Во млакиот крем додадете 250 гр маргарин и 100 гр кокос. Изматете убаво со миксер.
- Кремот нанесете го врз тестото и израмнете. Одозгора посипете кокос.
- Кога убаво ќе се излади колачот исечете го на коцки.
Коментирај анонимно