Легендата Роберт Редфорд почина во сон на 89 години – светот тагува по актерот што ја редефинираше холивудската историја

Роберт Редфорд, оскаровец и една од најголемите филмски икони, почина во својот дом во Јута, на 89 години. Познат по улогата во „All The President’s Men“ и многу други, тој замина тивко, оставајќи зад себе неизбришлива трага во светот на филмот и активизмот. Веста ја објави неговата публицистка, Синди Бергер.

 

Легендата Роберт Редфорд почина во сон на 89 години – светот тагува по актерот што ја редефинираше холивудската историја

Од Бродвеј до Холивуд и Оскар – блескавата актерска и режисерска кариера на Редфорд

Редфорд доживеа огромен успех од самиот почеток – прво на Бродвеј со „Боси во Паркот“ (1963), а потоа и во холивудските блокбастери како „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „All the President’s Men“. Негови партнери често беа најголемите ѕвезди, како Барбра Стрејсенд и Џејн Фонда. Во 1980 година, ја освои наградата Оскар за најдобра режија за „Ordinary People“.

 

Од Бродвеј до Холивуд и Оскар – блескавата актерска и режисерска кариера на Редфорд

Санденс – од мал фестивал до глобален културен феномен и дом за независниот филм

Во 1981 година Редфорд го основа непрофитниот Санденс институт, а во 1984 го претвора локалниот фестивал во денешниот Санденс филмски фестивал – најважниот дом за независните автори во светот. Тука стартуваа кариерите на славни режисери како Квентин Тарантино и Ава Дувернеј.

 

Санденс – од мал фестивал до глобален културен феномен и дом за независниот филм

Награди, личен живот и долга борба за екологијата – животот зад славата

Редфорд освои бројни Оскари и Златни глобуси, а во 2016 година ја доби и највисоката цивилна награда на САД – Претседателскиот медл на слободата. Беше страствен борец за екологијата: „Сфатив колку е важна природата и сакав да живеам каде што е таа екстремна и вечна“. Преживеа лични трагедии, како смртта на неговите двајца синови. Во 2009 се ожени со германската уметница Сибиле Закерс.

 

Награди, личен живот и долга борба за екологијата – животот зад славата

Заветот на Редфорд: „Не се откажувај. Кажи силна приказна што ќе инспирира промена“

Во своето последно интервју во 2024, Редфорд им порача на младите филмаџии: „За добар филм ти треба добра приказна. Сега ни требаат охрабрувачки приказни, за да ги поттикнеме луѓето да се грижат и делуваат. Престанете, слушајте, поврзете се и борете се за промена. Треба да покажеме зошто вреди да се вклучите и да прикажувате луѓе што решаваат комплексни проблеми“. Ова е лекцијата што нѝ ја остава засекогаш.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *