Лек против изгореници (виц)

Еден маж отишол на охридско езеро за време на празниците.
Си легнал на плажа и така добро му дошла сенката од чадорот и звукот од езерото, што заспал. Кога се разбудил, осетил страшна болка под половината – сенката се поместила, па целата кожа на нозете му била изгорена и поцрвенета како лицето на комунист за време на партиски состанок.
Викнале брза помош и го однеле директно во болница. Докторот го прегледал, видел колку е критична неговата состојба, размислил малку и му препишал рецепт со куп лекови и масти за изгореници и на крај вијагра.
Болничарот го погледнал докторот зачудено и прашал:
– Докторе, абе човеков не може ни да мрдне од изгорениците, зошто му е вијагра, сигурно нема ни да помисли на онаа работа.
Лекарот го погледнал под око и му одговорил:
– Како зошто му е вијаграта? Па за чаршавот да не му ја допира кожата додека спие!