Лекар лажно дијагностицирал деца со рак, за нивните родители да плаќаат за приватни третмани

Педијатар се соочува со отказ откако лажно дијагностицирал три деца пациенти со карцином. Д-р Мина Чоуди, кој работел како директор на приватна фирма во Глазгов, работел со загуба и бил под „финансиски притисок“ кога ги исплашил родителите да платат за приватно лекување.

Д-р Мина првин ѝ кажал на загрижена мајка дека нејзината ќерка има рак на желудникот кој може да се прошири доколку веднаш не се лекува преку неговата фирма. Тој, исто така, лажно дијагностицирал и други две деца пред да препорача скенирања и тестови поврзани со неговата деловна фирма, „Мерас здравство“.

Докторскиот трибунал сега ќе пресуди доколку неговата способност да практикува медицина е утврдена како „нарушена“ поради лошо однесување. Ако се утврди дека тоа е случај, тој се соочува со отказ. Набљудувачот утврдил дека плановите на Мина биле „финансиски мотивирани и нечесни“ и рече дека д-р Чоуди не ги упатил засегнатите пациенти во одделот за детска онкологија на NHS.

Наместо тоа, лекарот ги водел кон приватната здравствена заштита, известувајќи ги родителите дека ќе се соочат со долга листа на чекање ако побараат помош од NHS, додека тврди дека одредена опрема нема да биде достапна во Шкотска.

На мајката со ќерка која се води како „Пациент А“ тој ѝ кажал дека нејзината ќерка мора да замине од просторијата и тогаш тие двајцата разговарале за ракот и ѝ објаснил дека ќе мора да плати над 4.000 евра за третман кој ќе „мора“ да се направи во Лондон.

На жената ѝ било сомнително што не сакал да ѝ препорача државно лекување ја однела својата ќерка кај друг лекар да добие второ мислење и по направени детални анализи било утврдено дека нејзината ќерка нема ниту мала трага од рак.