Лекар од Кина е преплавен со емоции откако по 55 дена го гледа својот син, но не може да го прегрне

Емотивно видео е снимено во моментот кога лекар го гледа својот син 55 дена, откако се борел со смртоносниот коронавирус.

Сепак тој одлучи да не го прегрнува својот 5-годишен син, затоа што наредните 14 дена ќе се стави во самоизолација и не сака да го доведе во опасност. 32-годишниот Хоу Сиџуан работел во една од болниците во Вухан.