Лекар заврши во затвор затоа што НАМЕРНО кашлал во своите колеги додека лекувал пациенти со симптоми

Лекар од Конектикат е уапсен откако намерно кашлал кон своите соработници. Д-р Кори Едгар, вонреден професор по ортопедска хирургија беше обвинет за нарушување на мирот.

Сведоците велат дека тој „намерно не го почитува грижата за просторот и безбедноста во врска со пандемијата со коронавирус“.

Полицијата пристигнала во болницата и го привела Едгар. Тој изјавил дека е во „совршена здравствена состојба“ и дека „според негово знаење нема КОВИД-19“. Ова не е прв пат во Конектикат една личност да биде уапсена за вакво дело.

Пред неколку дена полицијата стопирала возач кој кога излегол од автомобилот почнал да им кашла во лицето притоа тврдејќи дека боледува од коронавирусот. Исто така низ останатите делови од САД имало слични прекршоци од очигледно нестабилни луѓе.

Сепак ова е прв случај лекар да направи вакво нешто. Сѐ уште не се знае какви точно мерки ќе бидат преземени против Д-р Кори Едгар.