Лекарите ја открија мистериозната сина боја што Кенеди Јуниор си ја стави во пијалок додека патуваше во авион

Роберт Ф. Кенеди Џуниор беше снимен како додава мистериозна сина течност во својот пијалок додека патува со авион, што предизвика бројни шпекулации. Во видеото, 72-годишниот Кенеди капе капки од кобалт-сина супстанца во чаша со вода, но не е прикажано дали ја консумира мешавината.

 

 

 

 

Некои медицински експерти сметаат дека станува збор за метиленско сино – вештачка боја што се користи во алтернативната медицина поради наводните здравствени придобивки. Истражувањата сугерираат дека може да помогне во третман на стареење, деменција, Лајмска болест, па дури и рак, но досегашните испитувања се направени главно на животни или клетки, а не на луѓе.

Метиленското сино првично било користено како текстилна боја во 19 век, а подоцна и како лек против маларија. Денес е одобрено од ФДА за третман на ретко нарушување на крвта, но некои „биохакери“ го користат за подобрување на мозочната функција, енергија и долговечност.

 

 

Некои експерти предупредуваат дека супстанцијата во високи дози може да го зголеми ризикот од рак. Меѓу несаканите ефекти се сина урина, гадење, главоболки и промени во бојата на кожата.

Ова видео се појави само неколку дена откако Кенеди беше забележан како можеби користи тутунски производ за време на сослушувањата за неговата номинација за министер за здравство. И покрај контроверзиите околу неговите ставови за вакцинација и здравствените политики, тој доби поддршка од сите републиканци во Сенатот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *