„Лекарите ми рекоа дека сум само под стрес, но всушност имам рак во четврта фаза – и дознав дури откако колабирав во супермаркет“
Моли Мулхерон (24) неодамна се вратила од патување на островите Галапагос, каде почнала да има тешкотии со дишењето и голтањето. И покрај тоа што имала такви проблеми што за малку ќе се удавела додека нуркаше, медицинските лица на островите ѝ рекле дека проблемите и се „во главата“ и дека е „премногу под стрес“.

Таа се вратила во Велика Британија на 4 февруари, по девет месеци во странство, и за 48 часа почнала да повраќа и паднала во супермаркет. Г-ѓа Мулхерон била итно пренесена во болницата Ердел во Ститон, во близина на Бредфорд, каде што лекарите откриле тумор од 15 сантиметри над нејзиното срце и белите дробови и ѝ дијагностицирале не-Хочкин лимфом (НХЛ) во четврта фаза.
„Само плачев и врескав – тоа дојде од нигде никаде, знаев дека нешто не е во ред, но не мислев дека е до толку“, рече г-ѓа Мулхерон.

Лимфомот е рак на лимфниот систем, кој е мрежа на телото за борба против болести. Повеќе од 14.000 луѓе во Велика Британија и 80.000 во САД добиваат дијагноза на НХЛ секоја година, според добротворните организации. Тоа е редок вид на рак.
Г-ѓа Мулхерон, од Скиптон, Северен Јоркшир, рече: „Ова е најлошата вест во мојот живот, дури не можам да објаснам како се чувствувам сега. Сега сè уште не можам да сфатам дека е реално – кога ми кажаа и врескав на мајка ми за моите идни планови, како сакав да бидам мајка и да се омажам, сè што можев да направам е да зјапам во ѕидот, да плачам и врескам“.

Поради агресивноста на нејзиниот рак, г-ѓа Мулхерон не можела да се подложи на криопрезервација – зачувувајќи биолошки материјал со ладење на многу ниски температури – за да ја заштити нејзината плодност пред да започне со хемотерапија на 21 февруари. Наместо тоа, лекарите ѝ дале инјекција за да ја стават во привремена рана менопауза со надеж дека штом ќе заврши хемотерапијата, таа ќе може да забремени.

Г-ѓа Мулхерон одлетала на островите Галапагос за да го оствари својот сон за патување. Меѓутоа, додека била таму таа почна да доживува чудни симптоми, вклучувајќи и осип. Ѝ било кажано дека нема доволно студенти за да предава, па се вратила во Велика Британија на 4 февруари.
На г-ѓа Мулхерон и било кажано дека има рак на 7 февруари, а на 17 февруари лекарите потврдиле дека станува збор за НХЛ. Нејзе ѝ препишале стероиди за да го спречат растот на туморот и поради напредната состојба на туморот, брзо почнала со хемотерапија.


„Водев фит и здрав цел живот, отсекогаш бев целосно добро – не знам што го предизвика ова, здрава сум и млада, пред три недели бев во Галапагос и го живеев мојот најдобар живот“, додаде таа.
Лекарите ѝ рекле на г-ѓа Мулхерон дека се надеваат дека можат да го лекуваат ракот бидејќи има многу опции поради тоа што е млада, фит и здрава. Статистиката сугерира дека четвртата фаза на НХЛ има петгодишна стапка на преживување од околу 64 проценти.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно