Лекарот што го спореди турскиот претседател со Голум од „Господарот на прстените“ се соочи со тешка казна
Маж е уапсен поради споредување на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со Голум, неговиот случај го разгледал панел на експерти за серијалот „Господарот на прстените“, бидејќи судијата не ги гледал филмовите.
Многу од ликовите од „Господар на прстените“ се адаптирани во светот на „мемиња“ кои кружат на интернетот.
Неколку „мемиња“ објавени на Фејсбук од страна на турскиот лекар Билгин Чифчи го споредија турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, со Голум, и иако многумина веруваат дека споредбите се само за смеење, турскиот политичар очигледно сериозно се навредил.
Навредувањето или посрамотувањето на претседателот се смета за сериозно кривично дело во Турција, и затоа Чифчи беше уапсен и гонет за неговите шеги. Лекарот исто така беше отпуштен од својата работа.
Чифтчи, сепак, тврди дека споредбата всушност не била наменета да биде навреда, туку била „комплимент“, бидејќи измисленото суштество било еден од најзначајните ликови на филмовите.
Сепак, судот не прифати целосно аргументот на Чифчи и побара тим од пет експерти за „Господарот на прстените“ да испита дали изјавата е легитимна или не.
Составен од двајца психолози, двајца академици и професор по филм, тимот беше задолжен да утврди дали „мемињата„ на Фејсбук се доволни за да го испратат Чифтчи во затвор две години.
Ако мислевте дека приказната не може да стане побизарна, Питер Џексон, режисер на филмот, исто така, застана во одбрана на турскиот лекар.
За среќа, Чифчи беше ослободен од обвинението откако тимот заклучи дека Голум не е злобен лик и дека всушност е жртва.