Лекција по македонски јазик (виц)

Час по македонски јазик. Лекцијата е стилската фигура компарација (споредба). Учителката ги прашува учениците, дали некој знае да направи една компарација. Се јавува Зоки:
– Учебната година е како бременоста.
Учителката нервозно:
– Зоки, не треси глупости! Каква врска има учебната година со бременоста?
– Исто е учителке. На почеток сите се радуваат, трае 9 месеци, а веќе од втората недела почнува гадењето.