Леле, леле. Илон Маск го тужат за 258 МИЛИЈАРДИ долари поради наводната крипто пирамида Dogecoin

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, вчера беше тужен за неверојатни 258 милијарди долари од инвеститор во крипто валутата Dogecoin, кој го обвинува дека водел пирамидална шема за да ја „напумпа“ цената на криптовалутата Doge.

„Обвинетиот знаел уште во 2019 година дека Dogecoin нема вредност, но го промовирал Dogecoin за да профитира од неговото тргување”, се вели во обвинението.

„Маск го искористи својот пиедестал како најбогат човек во светот за да работи и да манипулира со пирамидалната шема Dogecoin за профит, слава и забава.“

Тужителот бара отштета од 86 милијарди долари, што одговара на падот на пазарната вредност на Dogecoin од мај 2021 година до денес, и сака таа сума да биде тројно зголемена.

Сегашното богатство на Илон Маск се проценува на околу 215 милијарди американски долари, така што тој навистина ќе мора да „напумпа“ уште неколку крипто коини за да може да ја „закрпи“ дупката, ако судот му нареди да ја плати штетата.